fbpx
6.8 C
Skopje

Пирес се пожали дека бил „шутиран“ од легенда на Манчестер Јунајтед

АКТУЕЛНО

Легендата на Арсенал, Роберт Пирес посочи дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Гери Невил во текот на нивните меѓусебни средби го „шутирал“ цело време.

Поранешниот играч на Арсенал, кој е дел од генерацијата која во сезоната 2002/03 ја освои Премиер лигата без пораз, го носеше дресот на „топчиите“ во периодот од 2000. до 2006. година.

„Не шутираше цело време. Без разлика дали бевме на „Олд Трафорд“ или „Хајбери“, тој секогаш делуваше еднакво. Тоа беше нормално, ако се знае какво беше ривалството помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал“, изјави Пирес за Скај Спорт.

Поранешниот француски репрезентативец, кој го има освоено Светското првенство има 284 настапи за Арсенал на кои успеа да постигне 84 погодоци. Тој беше еден од најдобрите играчи на „топчиите“ и во Европа, кога со тимот играше финале во Лигата на Шампионите во сезоната 2005/06.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -