14.4 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Плескање у спална за време на карантин само под одредени услови

Социјалното дистанцирање е основно мото на борбата против ширењето на новиот коронавирус, но што значи тоа за интимноста?

Речиси е невозможно да се практикува социјално дистанцирање со партнерите со кои ги делиме домот и постелата. Затоа е легитимно прашањето – дозволен ли е да водиме љубов во време на корона?

Тројца лекари одговараат на ова прашање за весникот „Гардијан“.

-Нема сознанија дека вирусот е пренослив на тој начин. Примарно, тој се шири преку респираторни капки од кивање и кашлање и секундарно, преку допирање инфицирани површини, вели др. Џесика Џастман, професор по инфектологија на универзитетот Колумбија.

-Но, бакнувањето е редовна практика за време на интимност, а вирусот може да се пренесе преку плунката. Значи може да се пренесе со бакнување. И со други начини на сексуално општење, што ја вклучуваат устата, вели др. Карлос Родригез Дијаз, професор по јавно здравје на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Значи, дали е ОК да се има секс?

-Ако партнерот има Ковид -19 препорака е да стоите настрана од него. Се додека болеста не помине, што значи да немате температура 72 часа, без да користите каква и да е терапија што би ја прикрила и додека респираторните симптоми не исчезнат, вели д-р Џастман.

Но, за луѓето кои се дома и кои немаат симптоми и никаква изложеност на ризици, приказната е поинаква.

-Ако живеете со постојан партнер и немате никакви симптоми, ниту пак сте изложени на ризик од коронавирусот, сексот може да биде одличен начин за забава и за остварување блискост во ваков стресен период, вели д-р Џулија Маркус, епидемиолог на Харвард.

Генералната препорака е сега да се запре потрагата по нови партнери, а на постојаните, па за почеток да им се измери температурата!

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Жената од Велес што пoчинaлa во јануари е позитивна на корона вирус, Венко Филипче се обиде да го објасни тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста вирусот Ковид-19 во земјава да бил присутен и многу порано, пред официјално да се детектира...

Корона вирусот во Македонија присутен уште во декември – Жена од Велес која последен пат е видена пред Нова година, позитивна на Ковид-19

Една од двете жртви на семејството Маноилови, кои беа пронајдени мртви во нивниот стан во Велес, е позитивна на вирусот „КоВид-19“, пренесува Алсат. Извори на...

Познато од каде заболел новинарот кој ги стави во самоизолација Мицкоски и Заев

Во семејството на новинарот кој е позитивен на коронавирусот има член кај кој е потврден вирусот. Новинарот имал контакт со тој член од блиската...

Од Канал 5 со став околу нивниот заболен новинар: Ниту тој сакал да заболи, а најмалку да заболи трети лица

Канал 5 ТВ, како одговорна компанија, ја известува јавноста во врска со нашиот колега, гл. и одг. уредник на нашата компанија, Гоце Михајлоски. Свесни сме...

Рекорден број на тестови за 24 часа – познато кога ќе има резултати и за Зоран Заев

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. Веднаш по добивањето на резултатите ќе одржам прес конференција да...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.