fbpx
21.8 C
Skopje

По 10 години брак се разведува Елена Велевска поради семејно насилство

АКТУЕЛНО

Елена Велевска, една од најангажираните фолк пејачки кај нас, по десет години брак се разведува од сопругот Марјан, со кого има три малолетни деца. Прилепчанката, која откако стапи во брак со Марјан се пресели во неговиот роден Охрид, вчера во телефонски разговор ни ја потврди веста за разводот.

-Го правам тоа што е најдобро за моите деца – ни изјави.

Денес, на социјалните мрежи се обрати и кон јавноста, појаснувајќи дека решила да стави крај на семејното насилство и започнала бракоразводна парница.

-Со денови моето име можевте да го прочитате во многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се најмногу поради моите дечиња крајно време е да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме, за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам… Животот за нас оди понатаму – порача Велевска.

Таа е мајка на Софија, Марко и Калија. Трите деца ги роди со царски рез, а по секое раѓање во рекордно време се враќаше во форма и продолжуваше со настапи. Марјан пак, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

Извор: ФОкус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -