fbpx
-3 C
Skopje

ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ ЗАЛОЖНИШТВО, ДЕМОКРАТИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД КЛИНТОНОВИ

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Како што некои либерали почнаа да сфаќаат изминативе денови дека претседател што има секс со приправничка во Белата куќа е многу лоша работа која не треба да е тргната на страна, така конзервативните коментатори тврдат дека ваквиот тајминг е крајно погоден за Демократите кои ги отфрлаат Клинтонови откако повеќе не им требаат. Ова не е точно. Тајмингот е убедливо непријатен.

Ќе беше далеку попогодно за Демократската партија да ги исфрлеше Клинтонови пред многу години. Веројатно сега дури ќе имавме и претседател демократ.
Вртлогот на репутацијата кој сите нè повлече надолу со себе

Како што забележува Мат Иглесијас во Вокс, демократите не можеа да најдат време да раскрстат со Бил Клинтон заради сексуалниот скандал, затоа што политичката кариера на Хилари Клинтон започнуваше токму во моментот кога неговата завршуваше.

„Кога Хилари Клинтон влезе во рингот, таа веднаш стана претпоставената прва жена претседател на Америка, создавајќи репутациски вртлог кој го штитеше од осуда однесувањето на нејзиниот сопруг,“ пишува Иглесијас.

Една од причините зошто репутациите на Бил и Хилари беа нераздвојни за демократите беше клучната улога која Хилари ја одигра низ годините во дискредитирање на жртвите кои го обвинија Бил. Ако признаеш дека неговите сексуални прекршоци се многу повеќе отколку „консензуално пушење,“ како што долгогодишниот помошник за медиуми на Хилари, Филип Рејнс, во четвртокот ја окарактеризира аферата на Бил со Моника Левински, тогаш треба да признаеш и дека таа не е во право, и не е феминистка, што воопшто го бранеше.

Меѓутоа не се само сексуалните работи. Низ годините, Клинтонови изградија цел финансиски апаратус кој стануваше се повеќе и повеќе непријатен за партијата од левицата да го брани.
Клинтонови ги присилија демократите да бидат партијата на интересите на богатите

Клинтоновата фондација, како што сме до одвратност потсетувани од симпатизерите на Клинтон, е меѓународна филантропска организација која врши вистински вредна работа. И таа мора да биде таква – таа не би функционирала како водечка сила во изградбата на профилот на Клинтонови и меѓународните бизнис врски ако беше чиста измама по моделот на Трамп.

Фондацијата дава многу мали директни бенефиции за Клинтонови. Меѓутоа таа одлично е вмрежена со Тенео групацијата, консултантска компанија создадена со цел да се монетизираат глобалните врски на Бил Клинтон за профит.

И може ќе прашаш, што е тука погрешно? Зошто Клинтонови не би требало да станат многу богати додека му помагаат на светот? Нели го заслужија тоа? Верувајте ми, нивните бранители ги поставуваат овие прашања постојано – и со огорченост.

Клинтон моделот за правење добро треба да биде непријатен за левицата – модел во кој екстремно богати луѓе и држави со сомнително досие за човекови права се собираат и без проблем ги даваат своите пари за продолжување на своите агенди и чистење на своите репутации, убедувајќи ги сите дека концентрацијата на богатство може да биде добра работа, се додека богатите се граѓански настроени.
Не ми се верува кого се демократите бранеа заради Клинтонови

Сите овие богати поединци направија да биде невозможно да се утврди каде завршуваат јавните активности на Клинтонови, а каде започнуваат нивните приватни интереси.

За време на последните месеци како Државен секретар, на главната помошничка на Клинтон, Хума Абедин, и беше дозволено да биде на платниот список на Стејт департманот, Клинтон фондацијата и Тенео групацијата – истовремено.

На Абедин веројатно и требаа дополнителни финансиски средства за да го издржува својот манијак екс-конгресмен сопруг, чии постапки во крајна линија ќе ја упропастат претседателската кампања на Хилари на спектакуларен начин. Можам да ги осигурам конзервативните аналитичари: Удоволувањето на овој аранжман не беше ни најмалку пријатен за демократите.

Откако ја заврши својата служба како Државен секретар, Хилари Клинтон донесе одлука дека ќе ги стави демократите во смешна позиција да треба да расправаат дали е соодветно и нормално таа да направи 2-годишна пауза пред сопствената претседателска кампања, давајќи скапо платени говори пред посебни интересни групи.

НЕ, ова не е нешто што „секој го прави“! Ваквото продавање на сомнителни извори е крајно бизарно – толку бизарно, како што забележува Иглесијас, што некои луѓе почнаа да се прашуваат дали Хилари воопшто ќе бара претседателска номинација.

Кога ќе се пожалам на вакви работи, тоа обично е моментот кога луѓето што ги бранат Клинтонови, ќе кажат дека таа била во трка против Доналд Трамп. Па како можам да се жалам на нејзините финансиски конфликти на интерес кога противникот е Трамп?

Ова е апсолутно погрешното прашање.

Точното прашање е: како можно демократите да се толку глупи да номинираат кандидат кој не може да стекне јасна предност кај конфликтите на финансиски интереси во однос на Трамп? Не можеа да најдат некој што нема земено од Голдман Сакс 675.000 долари за говор?
Демократите го добија она што го заслужија, ама земјата не

Сржта на проблемот е што демократите одлучија дека Клинтонови се нивни луѓе, и потоа го сведоа своето размислување на нивни принципи. Ако Хилари земала пари од Голдман за да држи говор, тогаш држењето говори за пари од Голдман е ОК. Ако некоја приправничка му го пушела на Бил, тогаш пушењето од приправничка е ОК.

Само забележете го твитот на Филип Рејнс во која ја напаѓа сенаторката Кирстен Гилибранд за тоа што рекла дека аферата на Бил со Моника Левински е однесување кое заслужува давање оставка.

„Повеќе од 20 години земаше поддршка, пари и место од Клинтонови. Хипокрит,“ пишува Рејнс.

Рејнс не збори за местото сенатор на Њујорк како да и припаѓало на Хилари Клинтон. Тој збори за него како тоа да било заедничко на Клинтонови.

Ова е култ.

На одреден начин, демократите го добија токму она што го заслужија за тоа што ги удоволуваа глупостите на Клинтонови. Нивните постапки ги чинат демократите не еден туку два претседателски избори.

Една од големите иронии на кариерата на Хилари Клинтон е што таа стана сенатор така што истурка една друга жена од патот. Ако таа не станеше прва жена сенаторот од Њујорк, тоа ќе беше Нита Ловли.

Ако тоа се случеше – ако Клинтонови се согласеа да тргнат по нормалниот пат по завршување на претседателството наместо 16 години да ги држат демократите како заложници во емотивно груба врска, или ако демократските гласачи не инсистираа на тоа – тоа ќе беше крајно попријатно за партијата.

Сега ќе имаше претседател демократ – можеби дури и жена.

Џош Баро – Бизнис инсајдер

Извор: off.net.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...
- Advertisement -