fbpx
6.8 C
Skopje

По шест години изградба, денеска свечено сечење на лентата за автопатот Демир Капија-Смоквица

АКТУЕЛНО

Автопатската делница Демир Капија – Смоквица, по шест години изградба, ќе биде пуштена во употреба денеска, со што се добива целосно автопатско решение долж Коридорот 10 на територијата на Македонија.

На пуштањето ќе бидат присутни премиерот на Република Македонија Зоран Заев, претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Директоратот за проширување на ЕУ, министри и директори од Владата, градоначалници на општини низ кои минува автопатот, претставник на централната власт на Република Грција и претставници на компаниите-изведувачи на работите на оваа делница.

Новите 28,2 километри автопат од Демир Капија до Смоквица ја чинат државата 270 милиони евра. Од нив 107 милиони евра се обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), 130 милиони евра од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра се грант од ЕУ, а шест милиони евра преку Буџетот на РМ.

За изградбата на овој пат и неговото финансирање има две истраги – една во Македонија, една во Грција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -