fbpx
6.8 C
Skopje

Oтkako се трансплатира срцето, денеска успешно се трансплатираа бубрезите

АКТУЕЛНО

По успешната трансплатација на срце во државата на кардиохирургија, денеска успешно се заврши првата трансплатација на бубрези на Клиниката за урологија. За двете операции, министерот за здравство, Венко Филипче извести преку својот фејсбук профил

,,Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше!

Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.
Горд сум на моите колеги!” – напиша министерот Филипче откако заврши трансплатацијата на срцето.

,,Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија. Во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор. Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. На Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести во текот на следната недела.” – напиша Филипче по втората операција во која се трансплатираа бубрези.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -