fbpx
-0.5 C
Skopje

По веста дека ќе бидат во самоизолација се огласија и Заев и Мицкоски: Едниот од нив направил и тест кој е негативен

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку својот Фејсбук профил се обрати откако министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека и тој и лидерот на СДСМ, Зоран Заев се во самоизолација по интервју со тв-новинар кој е позитивен на koронавирусот.

Почитувани сограѓани, поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција.

Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни. Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место.

Продолжувам од мојот дом да ја следам актуелната состојба. Да им даваме поддршка на оние кои се во првата линија против пандемијата. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние кои пројавија интерес за моето здравје.

И понатаму активно ќе се бориме против пандемијата која донесе тешка здравствена, санитарна и економска криза. Сигурен сум дека на крајот заеднички ќе победиме затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија. Бидете живи и здрави“, пишува Мицкоски.

И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил се обрати откако министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека и тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се во самоизолација по интервју со тв-новинар кој е позитивен на koroнавирусот.

„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“, напиша Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

АГНЕСА: Не правев естетски корекции: По интимност од скоро 20 години, нормален маж нема да ја нарече сопругата „фотошоп барбика“

Агнеса Органџиева, поранешната сопруга на Роберт Орданоски отворено во јавноста зборува за нејзиниот брак со екс-директрот на АЕК. Во последното интервју за ММС вели...

Васко Ефтов: Заев не сака Влада со ВМРО-ДПМНЕ, тој си го сака Мицкоски во Белата палата

Ако сакаше ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, мораше да направи дисконтинуитет со груевизмот. Се додека не се направи дистанцирање од Груевски, овој Зоран...

Дневен хороскоп: Еден знак се наоѓа во тешка ситуација

ОВЕН Се обидувате со нови, поинакви и револуционерни идеји да го подигнете нивото на работата. Моментално нема резултати. Брачниот однос е стабилен. Партнерот е...

Убава вест: И оваа година државата ќе доделува ваучери за одмор на вработените со ниски приходи

И оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети, соопшти денеска министерот...

Заев: Градоначалниците да не ми изигравaaт локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено

Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, порача премиерот Зоран Заев откако беше запрашан од новинарите како...
- Advertisement -