fbpx
6.8 C
Skopje

По веста која одекна на балканските медиуми, се огласи и Аца Лукас: Хаха, вестите се точни колку што

АКТУЕЛНО

Откако молскавично се рашири веста дека српскиот пејач Аца Лукас бил итно хоспитализиран пред два дена поради болки во стомакот, се огласи и самиот демантирајќи ги сите написи.

Во изјава за „Курир.рс“ пејачот рекол дека немал никакви болки и дека не бил во болница.

„Хаха, вестите се точни колку и дека умрев пред два дена. Поминаа 7 дена, си давам помен“, се пошегувал пејачот додавајќи дека последен пат бил во болница кога ја примил втората доза од вакцината пред 15 дена.

Тој според пишувањата на медиумите веднаш бил примен во болница, лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите потребни анализи.

Сепак, лекарскиот тим дошол до заклучок дека не станува збор за никаква сериозна болест пишуваа тамошните медиуми по што пејачот бил пуштен на домашно лекување. Сепак изјавата на Лукас демантира дека има вистина во овие написи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -