17 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Почесното лидерско место во една партија не менува ништо

Почесното лидерско место кое ќе го изгуби досегашниот почесен лидер на партијата Никола Груевски, но и неговиот претходник Љубчо Георгиевски не менува ништо во една партија, па ниту во ВМРО-ДПМНЕ.

Пример за тоа е самото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ во 11-те години владеење на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Никола Груевски чиј што почесен лидер на партијата беше токму Љубчо Георгиевски, кој не само што беше дистанциран од партијата, туку и имаше многу различни ставови, критики во однос на раководството кое се обиде да го избрише од историјата на ВМРО-ДПМНЕ, но и од неговите заслуги како политичар за независна македонска држава во почетокот на 90-тите години.

Оттука, ова менување нема да значи ништо суштинско во однос на дејствувањето или недејствувањето на овие два екс политички лидери на партијата. За поздрав се обидите на раководството да се дистанцира од Груевски, но не на начин на кој што реално и нема да го дистанцира од партијата. Ова е само шминка, која и не изгледа баш добро во јавноста. За реално дистанцирање од Груевски, сегашниот лидер на партијата би можел да учи токму од него, човекот кој се обиде за жал да го избрише Георгиевски од историјата на таа партија и да не остави никаква трага за неговото дејствување и заложби за македонска армија, валута репрезентација, полиција, со еден збор за македонска држава!

Пишува: Симеончо М.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Страшна вест од Кочани: Едно лице ја загуби битката со корона вирусот

Едно лице од Кочани, ја загуби битката со корона вирусот, потврдуваат за „Слободен Печат“ официјални избори од Општина Кочани односно градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја...

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.