fbpx
6.8 C
Skopje

Почина музичката легенда Чак Бери

АКТУЕЛНО

На 90-годишна возраст почина американскиот музичар Чак Бери , пренесоа агенциите. Музичарот изгубил свест во својот дом во Мисури. Полицијата на округот Сент-Чарлс пристигнала дома во 12:40 по локално време (18:40 по македонско). И покрај  преземените обиди легендата не беше вратена во живот. Смртта настапила во 13:26 (19:26 по македонско време).

Роден во 1926 година пејачот и гитаристот Чак Бери се смета за еден од највлијателните изведувачи во историјата на рокенролот . Во 1986 година тој стана еден од првите изведувачи вклучени во Салата на славните на рокенролот. Бери влегува во листата на 100-те најголеми изведувачи на сите времиња според списанието “Ролинг Стоун” каде што му беше одредено петтото место. Тој е исто така добитник на наградата “Греми” за особен придонес во музиката и развојот на музичката индустрија. Чак Бери, чие полно име е Чарлс Едвард Бери, е еден од пионерите на рокенролот. Тој воведува гитара гребен како белег во рок композицијата. Стилот на Бери е комбинација од неговите влијанија со ритам и блуз, кантри и блуз жанрот, поддржани од духовити текстови, кои понекогаш достигнуваат отворена сексуална тематика. Тој има големо влијание врз изведувачите од идната генерација како Битлси, Ролинг Стоунс, Бич Бојс, Боб Дилан.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -