fbpx
6.8 C
Skopje

Почина светски познатиот ДЈ Авичи на 28 годишна возраст

АКТУЕЛНО

Швеѓанецот Тим Берглин попознат како ди џеј Авичи, почина денеска во Оман. Тој попладнево бил најден во местото Мускат, во државата Оман. Според неговиот публицист, не е позната причината за смртта.

28 годишниот ди џеј има освоено две MTV награди и двапати беше номиниран за Греми. Соработуваше со Дејвид Гета, Мадона и Лени Кравиц. Годинава е номиниран за музичката награда Билборд.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -