17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Погба им признал на своите соиграчи: Се селам во овој клуб…

Според шпанскиот портал кој се занимава со сензационализам и шпекулации, „Диарио Гол“, Пол Погба сака кариерата да ја продолжи во друг клуб, а тоа е Барселона.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и некогаш најскапиот фудбалер на светот на сите времиња, не брилјира оваа сезона, по повредата имаше неколку солидни мечеви кон почетокот на годината, но следуваше огромен пад во формата, поради која често се наоѓаше и надвор од тимот.

Тој целосно потфрли и во поразто на Јунајтед од Севиља во осминафиналето од Лигата на шампионите. Влезе во игра во второто полувреме, направи неколку грешки и делуваше незаинтересирано на теренот.

Французинот, според информациите на „Диарио Гол“, им соопштил на своите соиграчи дека би сакал да заигра во дресот на Барселона покрај Лионел Меси.

Поранешниот играч на Јувентус во 2016. година беше близу до трансфер во Реал Мадрид, но одлучи да се врати во Јунајтед и да игра под водство на Жозе Мурињо, кој тоа лето го направи најскап фудбалер на сите времиња.

Инаку, Барса на лето најверојатно ќе ја напушти Андрес Иниеста, така што во тој случај Каталонците можеби и би ја искористиле оваа ситуација, иако се знае дека во клубот ќе пристигне Бразилецот Артур.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -