27 C
Skopje

Поклонение

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Да остане напишано!!!
И тоа се случи. По малку боли, ама старите велат за ука било… Денеска. А можеше вчера, т.е. пред 10 години. И не Заев, а Грујо да биде на говорница со своите ВМРО-ски министри. И сите ние Љубчовистите ќе бевме среќни и горди… Па нашиот Никола, наследникот на Војводата го направи тоа. Ќе славевме конечно етаблирање на државата, нацијата, ќе мавневме по некое пивце, ќе ја испеевме “Нешто ќе те питам бабо“ и утредента на работа. Ама со друг “филинг“, европски, надежен, ветувачки..
Но, Никола се прелага. Или го прелегаа.. Не е битно. Како дете кога влегло во слаткарница и видело од се по нешто така и тој. Чувствувајќи ја моќната база и поддршка, наклонетоста на многу десничарски, европски центри, тој наместо да ја артикулира таа енергија и како ЛИДЕР да го подготви народот за сериозен, но неминовен процес, неочекувано зајава на картата на национализмот и популизмот како пропратен елемент на национализмот ако истиот незнаеш да го контролираш.
Затоа денес имаме решение какво што заслужуваме. Добро, лошо, тоа е. А можеше ли подобро? Па, да, можеше и требаше. Ако почекавме ќе беше и полошо .. Ги пролистував изјавите, една по една на Војводата, и се забележува она што и обичен човек без големо политичко образование ќе го констатира. Секој нов предлог, е полош од првиот, демандите и апетите раснат.
И, така тие што требаа да слават денес ги гледам дезориентирани, немоќни, без простор за делување, може и уценети, без никаков концепт. Мицковски не е виновен. Него Груевски не му остави таков благодет да се прошета на наредните избори како што Георгиевски му остави нему. Тој има тежок багаж. Претежок. Ќе може ли да го издржи, ќе може ли азимутот да го нагоди како што треба, ќе може ли да “покрене“…??? Незнам, Му посакувам среќа и знаење. За почеток, не е лошо да да отиде до едно место, или да се јави на некој броој. Не за друго, да си олесни на душата и да ги испере гревовите на некои други. Зошто денес, Заев, без разлика што ќе се случува понатака, ШТО ЈАС МИСЛАМ ЗА ДОГОВОРОТ, ќе се изгласа или не, ќе помине ли не референдумот,… самиот чин на покажување спремност значеше ТОРПЕДИРАЊЕ, НОКАУТИРАЊЕ на ВМРО ДПМНЕ од страна на Заев, со (малку парадоксално, нели) идеите на Георгиевски… Технички нокаут.
А требаше само да го послушаат. И имаа неколку пати шанса. Некој сакаше некого да го исфрли од историјата, ама по народната, самиот се исфрли.
А се можеше другачие.

Пишува: Коко Колар

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -