fbpx
6.8 C
Skopje

Политичката партија „Левица“ организира трибина со наслов „Кој е народот? Јас, работникот!“

АКТУЕЛНО

Во вторник (25.04.2017), со почеток од 19:00 часот во Џебно Кино МКЦ, политичката партија „Левица“ организира трибина со наслов „Кој е народот? Јас, работникот!“

Во името на народот! Во името на народот се извршени многу злоупотреби од страна на политичари кои се повикуваат на народот.
Но, кој е народот на кого се повикуваат политичарите? Дали народ се само оние луѓе кои зборуваат ист јазик и имаат исто етничко чувство? Или има и народ кој е класно дефиниран и ги опфаќа сите оние што се обезмоќени и осиромашени?
Како се формирал идентитетот на еден народ. Дали етничката и националната припадност постоеле отсекогаш или тие се резултат на конкретни општествени односи во одредено време?

На трибината ќе зборуваат тројца членови на Левица: Здравко Савески, Андреј Јованчевски и Здравко Стојкоски.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -