На социјалните мрежи се појавија две фотографии од различни лица во униформи од полицијата. На истите фотографии тие праќаат крајно невкусни пораки.
„Седете дома клошари“ и „Едницата формирана, ако ве зачекам после 9 пендрек и 10 години робија (казна нема).“
За кратко време овие фотографии беа максимално споделени на социјалните мрежи, каде веќе се бара реакција од министерот Наќе Чулев и премиерот Оливер Спасовски.