9 C
Skopje

Половина век култ кон ликот на еден масовен убиец*

АКТУЕЛНО

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

ВМРО-НП: Георгиевски оствари средба со бугарскиот државен врв

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на...

Што може да ги натера три генерации западни либерали со идеали за хуманизам, слобода, правда и еднаквост да се возхитуваат на еден садистички масовен убиец, кој мразел црнци и педери речиси толку, колку што уживал да егзекутира невини луѓе од позицијата на својата тотална власт над нив?

Доволно е само бруталниот касап да биде харизматичен латиноамерикански левичарски револуционер со кубанска пура, беретка и замислен поглед. Доволно е да се биде Че Гевара. Или едноставно Че, како што милиони потрошувачи на митот за херојот-борец за црвена правда сакаат да го нарекуваат.

Ернесто Че Гевара продолжува да биде идол за „меки“ марксисти, цврсти сталинисти и обични хипстери.

Сите тие се маринирани во анти-западна пропаганда и гледаат во ликот на Че симбол на отпорот и бунтот, на храброста и надежта. Тоа несомнено е една од најпознатите апсурдни и трагикомични масовни илузии во долгата историја на апсурдот и илузиите.

Безброј робови на лагата денес имаат повод за Че- екстаза – на 9 октомври се навршија 50 години од смртта на комунистот кој инспирира една од најуспешните капаталистически кампањи и стана симбол на индустриското брендирање на бунтот. Таа легендарна слика е сè уште најмоќната икона на несвесната иронија.

Дури половина век по смртта на аргентинскиот садист, неговиот образ продолжува да буди жедно воодушевување кај одредени угледни медиуми, холивудски личности, активисти, студенти, политичари и во глобала целата млада либерална елита.

По повод 50 години од смртта на Че, неговите „фанови“ во медиумите, политиката, забава бизнисот и научната сфера заринкаа во овој празник на пропагандата.

Ирската пошта на пример го стави ликот на Гевара на поштенска марка, за да ја прослави годишнината од Кубанската револуција и од смртта на идолот на ирските левичари.

Претходно овој месец ирската амбасада во САД мораше да се извинува за објавување на постер во кој го објави Че за „син на Ирска“ и херој на Латинска Америка. Постерот беше поставен и на аеродромот во Мајами – град познат по своите кубански бeгалци, кои избегале токму од бруталниот комунистички затвор, во каков што се претвори прекрасниот карипски остров Куба, под раководството на Че Гевара и Фидел Кастро.

Да го поставиш ликот на Че Гевара пред лицата на неговите жртви е можно најголемиот дипломатски гаф, а амбасадата брзо ги отстрани постери пред протестите на кубанските дисиденти и нивните наследници во Мајами да се прошират.

Че Гевара е клучна фигура во Кубанската револуција и десна рака на Фидел Кастро. По доаѓањето на власт тие почнуваат бран на насилство против несогласните со нивниот режим. Че Гевара е поврзан со масовните убиства. Според различни историски извештаи и истражувања тој често лично ги извршувал егзекуциите, а убил или го наредил убиството на повеќе од 14 000 луѓе.

“Ние немаме потреба од доказ за да егзекутираме некого. Ни треба само доказ дека е потребно да го направиме. Ние егзекутираме, погубуваме и ќе продолжиме да убиваме”, кажува Гевара во 1964-та година.

Насилството е водечката идеја во филозофијата на Че. Непосредно пред да се сретне судбината на стотиците свои жртви и сам да биде егзекутиран од боливиски војници во 1967-та, тој пишува:

“Омразата е елемент од нашиот судир, бескомпромисна омраза кон непријателот, која не тера да одиме подалеку од природните граници на дозволеното човечко однесување за да го претвориме војникот во ефективна, селективна и ладна машина за убивање. Нашите војници не можат да го поразат непријателот без омразата и насилството . ”

Деценија порано, откако го убива кубанскиот селанец Еутимио Гуера обвинет за предавство, Гевара запишува во својот дневник: ” Го решив проблемот со пиштол 32 калибар, во десниот дел на мозокот. Неговите имоти сега се мои.”

Според различни историски извори Че навистина чувствувал садистичка наслада од убивањето на луѓе кои ги сметал за непријатели на катастрофалната комунистичката диктатура, наметната од него и Кастро во Куба.

Наследството на Че Гевара е смрт, страдање, сиромаштија, тиранија и мизерија. Но во ерата на контра-културата и анти-западните сантименти, неговиот образ е користен како разгледницата на вечниот бунтовник и револуционер.

Легендарната фотографија, направена од Алберто Дијаз во 1960-та станува една од најпознатите слики на планетата. Може да ја видиме на постери, знамиња, картички, тишърти, гаќи, тетоважиа кожа – насекаде каде што реалноста на злото е претставена како мит за доброто.

Гевара кој ја запленува колективната имагинација на хипиците во 60-тите и хипстерите денес инспирира морално одвратни холивудски филмови, книги на угледни автори и лигави говори на познати личности, академици и активисти.

Љубовта кон тоталитарниот тиран е доказ за патолошки природа на социјализмот и модерната форма на либерализмот, практикувана од современите западни левичарски елити.

Отровен коктел од мазохизам, незнаење и неразбран идеализам ги опишува масите и масовните возбудувања плод на возхитот кон овој  комунистички убиец. Неговата легендарна слика ќе продолжи да стои како дамка на секој што ја дели како да е  знак на чест и гордост. И 50, и 100 години по неговата целосно заслужена насилна смрт.

Автор: Големиот Лебовски (преземено од www.webcafe.bg

* Насловот е на нашата редакција

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Строги мерки: Се воведува полициски час во одредени градови кои претставуваат корона-жариште во соседна Грција

Заради зголеменото ширењето на коpoнa Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат на сила во 6:00 часот денес...

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...
- Advertisement -