6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Полските полицајци добиваат маски против смог, што чека и македонското МВР?

Главната команда на полската полиција нарача за сите свои полициски службеници маски против смог.

Оваа одлука се должи на тоа што во многу места, пред се на југот и југо-западот од државата, но и во Варшава, поради смогот се дише тешко и се полнат болниците од лица кои се жалат на тешкотии при дишањето.

Некои од градовите во Полска како мерка за заштита на своите граѓани нудат и бесплатен градски превоз.

За волја на вистината, овој период од годината, како и претходните неколку месеци, со ист проблем, загадениот воздух се соочува и Македонија. Надлежните се уште не преземаат никакви мерки на дело иако за нив само се разговара.

Нивото на загаденост на воздухот, пред се во главниот град Скопје деновиве бележи алармантна бројка, а истото ниво има тенденции дополнително да расте и во наредниот период.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -