fbpx
11.8 C
Skopje

Понудени 920 милиони евра за Вембли, “европскиот“ фудбал се сели од својот дом?

АКТУЕЛНО

ФА би можела да го продаде националниот стадион

После силни перипетија, проблеми со буџетот и тревникот, “новиот Вембли“ во 2007 година ги отвори своите капии, а Англија доби нов национален стадион. Сепак, сега истиот би можел да биде продаден.

Спрема информациите кои ги пренесоа многубројни островски медиуми, вклучувајќи го Daily Mail, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) добила понуда за Вембли. Наводно за самиот стадион биле понудени 575 милиони евра (500 милиони фунти) додека за правата на клубот Вембли кој е во сопствеништво на ФА се понудени додатни 345 милиони евра односно 300 милиони фунти.

Оваа астрономска понуда наводно стинала од Шахид Кан. Инаку, тој е сопственик на Фулам, но и на НФЛ – Џексонвил Јагуар, а токму “Јагуар“ би требале да станат нови сопственици на модерното издание со капацитет од 90. 000 места за седење – секако доколку ФА се одлучи да го продаде стадионот.

Тоа би значело дека американскиот фудбал би добил нов дом во Англија, па Јагуар своите домаќински натпревари би ги играле во Лондон. Сепак, прашање дали НФЛ би одобрил ваква преселба. Како и да е, ова останува интересна дилема за која останува да го видиме конечниот исход.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -