fbpx
9 C
Skopje

Попоски со реакција до Бушати: Ние сме Македонци, ништо повеќе или помалку

АКТУЕЛНО

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

Никола Попоски, министерот за надворешни работи, денеска реагираше на изјавата на албанскиот министер за надворешни, Дитмир Бушати, кој во едно свое излагање ги именуваше Македонците како славо-Македонци.

„Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потреби на претстојни избори. Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање на глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости.

Проблемите со правниот систем, борбата со криминалот и корупцијата, основните човекови права и слободи се дел од оние што се идентификувани од Европската комисија кај нашиот сосед, а и на други места. Објективно, сите ние имаме повеќе од доволно домашни проблеми за да се занимаваме со туѓите. Секако, претходниве точки треба да се приоритет пред еден политичар да се впушти и во идејни толкувања на уставот на соседна земја. Не верувам дека ова е приоритет за даночните обврзници во неговата земја, особено при толку нерешени прашања дома.

Кој како именува некого е веројатно и одраз на почит и воспитување. Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година“, гласи реакцијата на Попоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Протестен марш за денот на жената: ”Разбуди се МВР”, ”Разбуди се ОЈО”

Денес, повеќе невладини организации, со почеток во 15:00 часот започнаа протестен марш за поддршка на жените од ''Јавна соба''. Тие, исто така, протестираа и за...

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...

Неделен хороскоп: Љубовен занос за овој знак, а овој знак ќе добие голема материјална добивка

Овен 21.3-20.4. Љубов: Во никој случај не можете да го достигнете она кон што се стремите во љубовта, но барем немојте да се борите со...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Земјотрес во Македонија – ноќеска се тресеа овие градови во земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:43 часот е почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти денеска Сеизмолошката...
- Advertisement -