fbpx
1 C
Skopje

Попова: Граѓаните не заслужуваат некој вака да си поигрува со нивната интелигенција и да ги лажат за безвучноста на авионите

АКТУЕЛНО

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...

Шилегов буквално им ја исцица крвта на граѓаните на Град Скопје, ова преку пресконференција денеска го истакна Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваква наезда на комарци Скопје не памети досега, а тоа е повеќе од доволен факт кој говори за сериозноста на оваа тема. Секој сериозен политичар на ваква тема пристапува сериозно но за жал тоа сега не го гледаме. Наспроти сериозност, гледаме тежок аматеризам и шарлатанство. Денес слушнавме дека на забеганоста на Шилегов и неговите соработници и нема крај. Очигледно неспособноста и неодговорноста сакаат да си ја прикријат со своите траги-комични изјави како денешната. Замислете, тие денес рекоа дека граѓаните мислеле дека не се прска од комарци само затоа што оваа година авионите не бучеле како што бучеле изминатите години кога се прскало. Што ли им бучи во главата на Шилегов и соработниците за да дадат вакво смешно и трагикомично образложение за тема која што тангира над 600.000 граѓани и тема за која што како партија во повеќе од 10 наврати изминатиов период алармиравме дека претставува сериозна закана по здравјето на граѓаните во Градот Скопје, потенцира Попова.

Таа додава да не станува збор за толку сериозна тема денешното образложение од Град Скопје би го третирале за рубриката хумор на месецот, но бидејќи е сериозна темата пак по здравјето на граѓаните на Град Скопје, воедно е и потценување на интелегенцијата и здравјето на над 600.000 жители.

-Па добро, зарем мислите дека некој денеска ќе Ви поверува на смешното траги-комично образложение за бучноста на авионите. Зарем мислите дека вашата неспособност и неодговорност можете да ја покривате со вакви образложенија за безбучни авиони? Не! Граѓаните не веруваат во овие лаги. Граѓаните не заслужуваат некој вака да си поигрува со нивната интелегенција. Ова е срамно. Секој ден аптеките и амбулантите се полни со лица кои бараат средства за заштита од комарци, или уште полошо да ги санираат отоците, алергиите, егземите или не дај боже заразните болести кои ги шират комарците. Темата е дотолку сериозна што веќе медиумите пишуваат дека во соседна Грција се починати 2 лица од убод на комарци кои носеле смртоносна болест по здравјето на граѓаните. Изговорите на Шилегов и надлежните од Град Скопје не поминуваат ниту меѓу експертите, ниту меѓу граѓаните. Состојбата во која се наоѓа Град Скопје е поради неговата неодговорност и незаинтересираност за здравјето на граѓаните и за тоа некој мора да сноси одговорност. Шилегов, или решете го проблемот со кој што се соочуваат граѓаните или заминете и дозволете на ваше место да дојде некој што ќе знае и ќе може да го реши, вели Попова.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Tвитер koментар: Кога ќе му кренеш на Мишко на фиксен, првото прашање му е дома си?

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...
- Advertisement -