fbpx
11.8 C
Skopje

Поради банална причина која ќе ве изненади: Две туристки завршија во грчки затвор

АКТУЕЛНО

Две британски туристки биле приведени и затворени на Крф затоа што на еден Грк на плажа на шега му ја скриле облеката.

Дваесетгодишните Шона Кокс и Вики Абон од Есекс со месеци штеделе за одмор во Грција кога една безопасна шега се претворила во хорор. Тие се запознале со група момчиња од Грција и решиле да се пошегуваат со едното од нив и му ја скриле облеката додека момчето пливало во морето.

Момчето пријавило кражба во полиција. Двете девојки биле уапсени и поминале 24 часа во келија без храна и платиле 1.600 фунти глоба и уште 600 фунти за часовник „ролекс“, кој бил во еден од џебовите на панталоните на момчето.

Наводно, момчето пријавило во полиција дека девојките го ограбиле.

Девојките се пожалиле во британската амбасада дека им биле загрозени основните човекови права затоа што условите во келијата во која го поминале денот биле нехумани.

„Нашата приказна е предупредување за сите што ќе одат во Грција. Можеби е убава дестинација за летување, но ако западнете во неволја и ако ви треба помош, ќе ве третираат на овој начин“, рекле девојките.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -