fbpx
9.8 C
Skopje

Поради неа Роналдо изгледа и игра како ѕвер! Со ригорозна диета се спрема и за финале во Киев

АКТУЕЛНО

Иако има 33 години, Кристијано Роналдо и понатаму игра како да е во своите најдобри физички способности во кариерата, а голема причина за тоа е неговата ригорозна диета. Покрај феноменалната работан етика, петократниот освојувач на Златната топка за својата добра форма може да се пофали и со својот строг начин на исхрана. Роналдо откри каков доручек, ручек и вечера конзумира. За првиот дневен оброк португалецот конзумира шунка и сирење, кроасан, авокадо, јогурт и неколку врсти на овошје. Ѕвездата на Реал призна дека тајната на неговиот успех не е само во физичката подготвеност, туку и на начинот на кој се храни, па така тој понекогаш конзумира храна во помали количини, до шест пати дневно. За ручек 33-годишната ѕвезда на Реал преферира риба, па така најдраго му е да ја конзумира со компир и лук.

Роналдо исто така изјави дека избегнува работи кои се лоши за него, односно алкохол и слатки. Главниот кувар на португалецот рече дека Роналдо не може да живее без: Чаша црвено вино, свежо овошје, житарици и мноштво салати“.

 

View this post on Instagram

Feliz Páscoa!🐣

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Во текот на тренингот, CR 7 користи посебни пијалоци за хидрација која содржи помалку шеќер од останатите комерцијални пијалоци, а неговиот содржи и мноштво електролити и витамин Б12 како би Роналдо бил поиздржлив.

Ваква диета Роналдо користи во припремите за финалето од ЛШ кои се одигруваат во сабота, 26. мај во Киев.

Стручњаците велат дека на спортистите им е потребна стрикна исхрана во текот на целата година. Токму поради тоа важно е да имаат здравствени прехранбени навики како дел од животниот стил. Освен протеини и микроминерали кои не можат да се најдат во другите намирници.

Роналдо е познат по тоа дека припремата на својата храна ја разбира прилично сериозно. Неговото тело, за кое сонуваат многу девојки, резултатот е интензивни тренинг и планиран оброк.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -