fbpx
4 C
Skopje

Порака на македонка од Италија: Бесчувствителни станавме како луѓе и ние сме од крв и месо – бидете солидарни, потребни сме си едни на други во оваа битка

АКТУЕЛНО

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Многу наши Македонци во моментиве се наоѓаат во Италија која е една од најпогодените земји од вирусот со кој се бори целиот свет.

На социјалните мрежи почна да се шири текст кој го напишала македонка со иницијали Ј. Т а која живее во Италија заедно со нејзиното семејство.

Од Македонија заминавме пред 8 години. Нашите две ќерки беа мали, уште не беа тргнати во училиште. Моите и примањата на сопругот беа минимални. Јас работев во текстилна фабрика, а тој во пекара. Живеевме под кирија, немавме наш сопствен дом, а сметките за струја, вода, сумата која која требаше да ја издвоиме за храна, облека за децата и слично не беше доволна за да можеме да живееме пристојно.

Долго размислувавме и решивме дека најдобрата опција за да можеме да обезбедиме сигурна иднина за нашите деца е да се обидеме да побараме работа во некоја од европските држави, каде што можеби не се живее сјајно, но барем се има за еден нормален и пристоен живот. Најпрвин замина мојот сопруг кој три месеци живееше и работеше сам во Италија, а потоа заминав и јас заедно со нашите мали ќерки. Благодарение на наши роднини мојот сопруг веднаш најде работа и се вработи во винарија. Првите три месеци дури беше сам спиеше кај роднините, а после три месечна работа најде мало станче кое го зема под кирија од колеги на нашите роднини. Претпоставениот од работа на сопругот, а веќе долги години и мој, најдобриот менаџер Џузепе не чекаше втор пат да го прашаме за да ме земат и мене на работа. Со само едно прашање и објаснување на состојбата во која се наоѓавме, по препорака на нашите роднини и мојот сопруг, на истото место тргнав и јас на работа.

Така, нашето секојдневие стана сосема различно. Работевме исто толку часови колку што работевме и во нашата Македонија, но за тие осум часови бевме платени пристојно и бевме почитувани од своите газди и претпоставени. Ќерките по одредено време тргнаа во училиште, а ги запишавме и на курс по италијански јазик. Не можам да кажам дека се беше совршено бидејќи е нормално и таму да си имаме свои секојдневни проблеми. Секогаш ми недостигаа моите роднини, пријатели и пријателки. Луѓето со кои сум израснала, луѓето со кои пиевме кафе, луѓето со кои си помагавме дури правевме ајвар, луѓето со кои споделувавме и среќни и тажни моменти од животот.

Сега овде сме дома, ниту јас, ниту сопругот не одиме на работа. Максимално се почитувани препораките со цел да се заштитиме, но и да придонесеме за колективното здравје на сите граѓани. Секојдневието во Италија е променето во целост. Но тоа не е само тука. Така е и кај нас во Македонија, па може да се каже и во целиот свет.

Но, она за кое што го пишувам ова е всушност една тажна приказна на моите сограѓани и сограѓанки од Македонија. Нормално, постојат исклучоци, не сите се такви. Има дел кои се грижат и за нас кои сме тука, не прашуваат како сме, дали ни треба нешто, ни даваат и тие нам поддршка. Но, чудно ми е кога ги гледам како коментираат дека сите оние кои се дојдени од странство во Македонија се оние кои всушност ја донеле заразата таму. Па зарем некој на овој свет сакал да биде заразен. Еве има луѓе кои останале без работа, има луѓе кои можеби биле тука и привремено, на недела, две, три, па морале да се вратат дома. Зарем не смеат тие луѓе да се вратат дома во сопствените домови? Зарем треба тие луѓе да бидат стигматизирани и прогласени како некој кој носи вирус во државата? Многумина од тие кои се вратени од странство не се заразени, ама ја почитуваат изолацијата, а дел од јавноста ги прогласува како непријатели.

Ве молам, немојте да бидете бесчувствителни. Гледам и читам во Битола имало негодување зошто во центарот на градот ќе имало карантин. Луѓе, се дури има такви протоколи кои се организирани и кои носат пред се безбедност за вас, но и за тие кои допатувале од странство, тогаш зошто на ваков начин да се однесуваме едни спрема други. Животот е тежок и можеби утре некој од вас ќе го натера да заминете од сопствената татковина. Немојте, сите сме луѓе од крв и месо. Ајде да се поддржиме во оваа битка, битка која ја води целиот свет, битка во која не постои Македонец, Турчин, Ром, Албанец, Бугарин, Србин или Кинез. Овде има човек и овде има вирус. Ние сите заедно ќе го победиме вирусот.

Да живеат граѓаните на сите земји! Да сте ми живи и здрави Македонци и Македонки!

Ј.Г – преземено од ФБ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убави цифри: Koлky можете да заработите во Чвајцарија како фризер, столар, возач

Убави цифри: Колку можете да заработите во Швајцарија како фризер, столар, возач… Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Сабриоски до Маричиќ: Плачевте, кукавте, навидум се боревте за нели функционалност на државата се додека не стигнавте на кожната столица

Господине Бојан Маричиќ, министер за правда, не е мое да судам, ниту тоа ќе го направам - ќе ви пресуди перцепцијата на граѓаните за...
- Advertisement -