fbpx
24.8 C
Skopje

Порака од Бекам до Зизу пред финалниот меч во ЛШ: Еве што му побара!

АКТУЕЛНО

Дејвид Бекам и Зинедин Зидан имаа заедничко дружење при еден маркетиншки акт кој го организираше угледниот германски бренд „Адидас“, а како што можеше да се очекува, главна тема на разговор е големото финале во Лигата на шампионите кое утре го чека Французинот и неговите играчи од Реал Мадрид.

Бекам го искористи своето обраќање за да му искаже на Зидан колку е неверојатно тоа што го прави како тренер на Реал Мадрид со оглед на тоа што тимот ќе игра во трето последователно финале во Лигата на шампионите, но исто така се обиде да објасни што се крие зад специјалната врска меѓу „кралскиот клуб“ и најелитното натпрерварување во Европа.

– Има одредени тимови во Европа и во светот кои имаат посебна врска со големите натпреварувања. Кога си играч на Реал Мадрид, се што е поврзано со ноќите во Лигата на шампионите е специјално. Атмосферата е поразлична, фановите се поразлични. Има огромни очекувања од страна на клубот да се одигра добро. Реал Мадрид го прави тоа во цела своја историја и продолжува да има специјална врска со Лигата на шампионите, – порачува Бекам кој за крај имаше и порака до Зидан.

 

– Сакам да му честитам на Зизу бидејќи досега беше неверојатен за Реал. Беше успешен како играч и сега си успешен како тренер, како шеф, како голем шеф. Тоа е неверојатно. Сакам да им посакам на Зизу, на претседателот, на клубот многу среќа во финалето во Лигата на шампионите и те молам, победи го Ливерпул, те молам, – му порача Бекам на Зидан.

 


Извор: Дерби.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -