12 C
Skopje

Порака од предавничката класа на САД: Слобода, до смрт.

АКТУЕЛНО

И Апасиев се огласи за Палчо: Ќе формираме наша црвена милиција

По немилиот настан со Љупчо Палевски – Димитар Апасиев се огласи на фејсбук: Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и...

Груби со најава: Владатa ќе разгледа дали да субвенционира вработување на албанците и граѓани од други помали етнички заедници

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат...

Премиерот Заев со владина делегација во дводневна посета на Атина

Конференцијата на угледниот магазин „Економист“ како тркалезна маса со Владата на Грција и учесници од регионот, оваа година е посветена на темата „Европа: Зајакнување...

Пред да ви налета анти-американска мигрена од насловот, да почнам со оргиналната Американска перспектива за да бидам на чисто што, според мене, вреди да се возвиши од Новиот Свет, а сетне и да разбереме што се случува деновиве таму.

Убавината кај Американската држава, за мене е самата основа. „Оргиналниот“ Закон според кој првите доселеници религиозно се придржуваат. Да, точно е и дека во комбинација со нивната побожност, ова имало смисла поради тоа што според нив, тоа бил Божјиот закон. Закон со тотална надмоќ врз било кој владин закон. А оргиналниот закон се состоел од два основни принципи кои можеби самостојно допринеле за потпишување на Декларацијата на Независноста, откако група „предавници“ и „шверцери“ не подлегнаа под притисокот истиот да се прекрши од обични смртници како нив:

Првиот принцип – „Направи го тоа што ќе се договориш да го направиш“, и вториот – „Не посегнувај по други луѓе или нивната приватна сопственост“, беа темелите врз кои – за два века – се разви најсилната и најнапредна економија на светот.

Е сега, откако ја расчистивме мистеријата за либертаријанскиот корен на Америка кој ме плени, да видиме зошто она што се случува денес носи многу важна порака. Порака од која се надевам дека ќе извлечеме добра поука. Неколку сојузни Американски држави во изминатава недела се будат – ако воопшто и спиеле – во дилема: да се умре од кинеското зло, или од домашното, авторитарното? И не е воопшто преувеличување ако се земе во предвид дека веќе 22 милиони американци се пријавени како невработени, умирање од авторитарното зло воопшто не е занемарлива опција. И тоа без да ги спомнуваме другите, малку подиректни причини за умирање.

Капката која ја прели чашата беше „манифестот“ на гувернерката на државата Мичиген, Gretchen Whitmer, кој во реалност беше една бесмислена буричканица од правила и под-правила со групи и подгрупи на граѓани со соодветно регулирани начини и причини за движење, купување, рекреација…и така до недоглед. И нормално, како и секоја буричканица од зборови, и оваа беше отворена за интерпретација, па така еден од попопуларните имплицитни преводи на една посебно матна регулација едноставно пукна во меинстрим вестите: „Гувернерката на Мичиген забрани продажба на расад и растенија, но лозови за лотарија се ОК“. Регулацијата всушност им наложува на локалните продавници да затворат одредени „непотребни“ секции за „да се намали протокот на луѓе“. Ова во многу продавници се оствари со заградување на секциите за семиња, растенија и други таканаречени „непотребни“ производи, поради што и насловот од погоре.

И така, повеќе главни градови мораат деновиве да се справуваат со протести од луѓе кои се убедија во вистинитоста на предупредувањето на Доналд Трамп: „Не смееме да дозволиме лекот да биде полош од заразата“.

Па, што е пораката? Прво, вирусот станува се помалку важен затоа што луѓето ја губат работата. И пред да кажете „ќе се отворат фирмите после завршување на мерките“, ќе ве запрам. Нема. Колкав и да биде бројот на фирми кои ќе можат ова да го преживеат и да се вратат со полна сила веднаш после епидемијата, фактот останува дека едноставно нема шанси веднаш да почнат да работат со ист капацитет како до сега, затоа што побарувачката нема да се врати одма на 100% како што било до сега. А и да можат да работат со ист капацитет уште од првиот ден, дефинитивно нема да платат исто за работната рака. Но, ќе оди постепено. И тоа ги остава на страна сите оние кои не можат ова да го издржат, и ќе пропаднат.

А тие се работни места кои нема да се вратат. За многумина постои и уште една дополнителна, и прилично реалистична причина зошто ова е можеби поштетно на долго време: Со пролонгирањето на рестрикциите, бројот на фирми кои ќе пропаднат се зголемува. Тоа значи се повеќе луѓе поим немаат каде, и дали воопшто ќе најдат работа кога владата ќе се реши да ги тргне рестрикциите. Затоа што сега има веќе и многу од луѓето кои до вчера креирале работни места, од денес и самите бараат работа. Страшната реалност на ваквиот бран на невработеност значи експоненцијално зголемена можност за неколкуте моќници кои ќе го преживеат хаосот, кога ќе дојде ред да се примаат луѓе на работа. Тогаш преговорите за работа ќе бидат со тежок хендикеп против кандидатот за работното место, затоа што очајни кандидати ќе има на претек, а бирачи неколку.

И она што најмногу ме фасцинираше, е потегот на Доналд Трамп, кој на својот Твитер профил, (кој да бидеме реални, поначесто го злоупотребува), објави серија од твитови во поддршка на протестите против наредбите на локалните влади. Сепак, не ме зачуди ова затоа што доаѓа од човекот кој пред две години им кажа на еден од своите најверни поддржувачки блокови – Христијанските конзервативци – дека во Америка „Ние не славиме влади, ние го славиме Бог“.

На крај, сметам дека споредување со туѓи системи и економии не е секогаш најчесниот пат до поентата, но во исто време мислам дека не е лошо доколку ги погледнеме работите во контекст. Кога обичниот народ на најмоќната економија во светот е во бунт поради веќе неизвесната пропаст која следи таму, што е тоа што нас не држи толку уверени дека за секој од нас ќе има работно место кога сето ова ќе заврши? Што е тоа што не држи убедени дека и таму каде што ќе најдеме работа, нема да ни понудат десеткратно полоши услови, и доколку не гинеме долги саати, ќе бидеме експресно заменети? Што е тоа што најсилната економија на светот не може да го поднесе, а ние ќе го поминеме со платен, и/или субвенциониран одмор?

Што е тоа што така удобно не вози по патот кон следната олигархија?

Автор: Марјан Ќуринов, граѓански активист за слобода и автор на подкастите на Конзерватив МК „Слободна тема“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

30 момчиња од Комити приведени во полициската станица во Кисела Вода

30-тина момчиња од навивачката група „Комити“ вечерва се приведени и однесени на распит во Полициската станица во Кисела Вода, дознава „Инфомакс“. Според нашите информации, момчињата...

Професор претепаал ученичка до смрт поради неточни одговори

Професор по математика од кинеската провинција Сечуан до смрт прee тепал ученик во основно училиште за два погрешни одговори на неговите прашања. Како што пишува...

Конечно излезе видео кое јасно укажува зошто треба да се укине ТИК ТОК – ова го гледаат и млади луѓе

Зошто СТОП за TikTok во Македонија? Затоа што ова го гледаат и млади луѓе! Ваква објава излезе на фејсбук страницата СТОП за ТикТок во Македонија....

Република Северна Македонија на лажговци

Нашата мила Македонија! Онаа која требаше да ја градиме, чуваме, негуваме, развиваме! Онаа Македонија во која се родивме, растевме, пораснавме, добивме синови и ќерки, внуци! Онаа...
- Advertisement -