2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Поранешната соработничка на Трамп: Меланија брои денови, еве кога планира да го остави!

Поранешната соработничка на американскиот претседател Доналд Трамп во својата книга напишала дека Меланија ќе го напушти претседателот кога ќе му заврши мандатот.

Омароса Њуман Менаголт , поранешна соработничак на Трамп во Белата куќа напиша дека пораките што му ги праќа Меланија на претседателот преку начинот на облекување се доказ дека сака да го напушти. Со изборот на облека таа го казнува Трамп , тврди авторката за која претседателот рече дека е мрдната .

Омароса ја опишува облеката на Меланија , кога замина во Тексас во посета на децата на мигрантите одвоени од семејствата . На враќање првата дама облече јакна на која пишуваше ,,Не ми е гајле , а тебе ? “ Според писателката , тоа било наменето за претседателот и била порака директно до него , само за да го повреди.

Омароса смета дека првата дама на САД намерно ја облекла јакната само за да каже колку е глупава одлуката на сопругот. Во книгата таа наведува низа примери како Меланија го казнува претседателот преку облеката . Писателката тврди дека Меланија Трамп едвај чека да заврши мандатот на нејзиниот сопруг за да се разведе.

Разводот на Трамп е тема и на книгата на Мајкл Волф , кој тврди дека сопружниците веќе не спијат во иста соба. Портпаролката на Меланија Трамп , Стефани Гришам, излезе со изјава дека првата дама е разочарана од ваквите тврдења.

Таа вели дека никогаш немала никаков контакт со Омароса и дека не е во ред по се што направил претседателот за неа , да му се одмаздува на таков себичен начин.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави