fbpx
13.8 C
Skopje

Поранешниот претседател, Црвенковски не можел да гласа, го немало во избирачкиот список

АКТУЕЛНО

Освен Талат Џафери, кој денеска не можел да го оствари своето избирачко право, на референдумот не можел да гласа ниту екс претседателот Бранко Црвенковски, бидејќи и неговото име било избришано од избирачкиот список.

Поранешниот претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски на гласачкото место 2.809 се обидел да гласал со пасош, но го немало на избирачки список, известува набљудувачот на „Цивил-Центар за слобода“.

Црвенковски, според информациите на Цивил, сакал да гласа со пасош, но бидејќи го немало неговото име не му било овозможено.

Црвенковски при разговор со набљудувачот на „Цивил“ рекол дека ќе се жали во Државната изборна комисија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -