fbpx
12 C
Skopje

Поранешниот шеф на ММФ осуден на четири ипол години затвор

АКТУЕЛНО

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Родриго Рато е осуден на четири ипол години затвор поради злоупотреба на пари во период кога бил на чело на две банки во Шпанија.

Шпанскиот национален суд кој е надлежен за случаи околу корупција и финансиски криминал соопшти дека Рато е прогласен за виновен за проневера додека бил шеф на банките „Каха Мадрид“ и „Банкиа“ во време кога и двете банки имале финансиски проблеми.

Рато кој е поранешен шпански министер за економија беше суден заедно со други 64 поранешни раководител и членови на одборот во двете банки кои беа обвинети за злоупотреба на 12 милиони евра во период од 2003 до 2012 година.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -