fbpx
6.8 C
Skopje

Посакувате ли да го посетите „Титаник“? Од следната година ќе можете!

АКТУЕЛНО

Лондонската туристика компанија „Blue Marble Private“ има неверојатна идеја од следната година да започне со тури на дното од Атлантикот во посета на легендарниот „Титаник“.

И додека научниците сонуваат и ја истражуваат вселената, мудрата идеја на британската компанија наиде на огромен интерес помеѓу јавноста во оваа држава, но и во целиот свет.

Веќе се одредени и среќниците кои ќе патуваат, станува збор за осум личности, кои ќе бидат поделени во две групи по четворица. Тие со подморницата „Cyclops 2“ ќе поминат околу пет часа на длабочина од 3,784 метри и ќе ги разгледуваат остатоците од „Титаник“ кој по судир со ледена санта на 14 април 1912 година се распадна и остана во водите на Атлантскиот Океан.

Во иднина ќе се разгледа и опцијата секој кој посакува да ги посети остатоците од „Титаник“ да има шанса да плати и да замине во водите на Атлантикот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -