fbpx
6.8 C
Skopje

Посебен оддел на ФБИ ќе ja истражува руската интервенција во американските избори

АКТУЕЛНО

Американското федерално биро за истраги планира да формира посебен оддел во седиштето на Министерството, во Вашингтон, кој ќе ги кординира сите истраги за наводните обиди на Русија да влијае на претседателските избори во САД.

Овој чекор покажува дека ФБИ се однесува исклучително сериозно кон интервенцијата која ја завзема Русија во американската политика и ќе им овозможи на директорот на ФБИ Џејмс Коми да ги истражи дури и најмалите детали на истрагата.

Со конкретни истраги најверојатно ќе се заземе еден од 56-те оперативни оддели на ФБИ по места, но природата на истрагата во однос на Русија бара водич од централата.

Од друга страна, Москва постојано ги  негира тврдењата дека Русија се обидела да се меша предизборните процеси во САД.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -