fbpx
5 C
Skopje

KOНЕЧНО И КАЈ НАС: Ќе пристигне Фајзер – за почеток 21 илјада дози од 800 илјади во текот на годината

АКТУЕЛНО

Вакцината од овој производител не е непозната за нас, бидејќи таа е засега и единствената со која се врши имунизација во земјава
Министерството за здравство ја објави денеска динамиката по која компанијата „Фајзер“ ќе ги доставува вакцините – вкупно 800 280, според директниот договор за набавка, пренесува 360 степени.

Ова следува откако денеска премиерот Зоран Заев објави дека долгоочекуваниот договор е стигнат.

Според планот, испораката на вакцините ќе биде во текот на цела 2021 година, во 4 квартали, а првите 21 060 дози ќе стигнат овој март.

Како што е познато, вакцините на производителот „Фајзер/Бионтек“ се спакувани во вијали со по 6 дози. Вакцината се чува и се дистрибуира на -70 Целзиусови степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена може да се чува 6 часа.

Вакцината од овој производител не е непозната за нас, бидејќи таа е засега и единствената со која се врши имунизација во земјава (добиена од Србија) на медицинскиот персонал во ковид-центрите, вработените во лабораториите и матичните лекари, како и некои стоматолози.

Во првата фаза се и повозрасните и хронично болните.

До вчера вакцинирани беа 2 860 здравствени работници, а за вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk досега се пријавиле 72 400 граѓани и 46 810 преку матичен лекар.

Извор 360 степени

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -