fbpx
3 C
Skopje

После царски рез, докторите и заборавиле газа долга два метра

АКТУЕЛНО

Полиција на Бјелина, Србија, поднесе кривична пријава против гинеколког и медицинска сестра поради несовесно лечење.

Имено при царски рез тие во стомакот на пациентката заборавиле газа долга дури два метри.

-Најпрвин пробаа да ме породат по природен пат, но тогаш ми соопштија дека ќе мора да ми направат царски рез, а наредното утро по царскиот ЦРП ми беше покачено.Иако покажуваше дека се работи за воспаление лекарите ми препишаа само антибиотик и ја испуштиле од болница.

По 10 дена се вратила во болница со покачено ЦРП и болки.

Била кај тројца хирурзи и сите и дале различни дијагнози, па на своја рака отишла во Нови Сад каде ги повторила сите испитувања и лекарите се одлучиле да направат ревизија на раната.

Направиле три операции кои траеле повеќе од 8 часа а во болница поминала 42 дена приклучена на апарати.

-на пораѓај заминав со 109 килограми а сега сум 67. Закрепнувањето беше споро, и никогаш веќе нема да бидам истата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -