fbpx
17 C
Skopje

Немаат земенo плата пет месеци, ниту елементарни услови за работа: Вработените во Државнa комисија на работ на егзистенција

АКТУЕЛНО

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Вработените од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, пет месеци се оставени без плата.

Имено, со разрешувањето на Претседателот и членовите од претходниот состав на Државната комисија на ден 19.03.2018 година од страна на Собранието на РМ и неименувањето на нов состав на комисијата, вработените во стручната служба на комисијата веќе пет месеци се оставени без примања и целокупната работа и функционирање на Државната комисија е во комплетен застој, со што се засегнати и граѓаните на Република Македонија чии постапки се водат по жалба пред оваа институција.

За разрешување на овој проблем вработените во овој орган во три наврати се обратиле до Собранието на Република Македонија!

-Се обративме и до Владата на Република Македонија!По овие барања добивме одговор од Собранието со кое ни беше кажано да чекаме избор на нови членови на собраниска седница. Таа собраниска седница и тој избор на нови членови и раководство го чекаме веќе 6 месеци. Сигурни сме дека доколку стануваше збор за приватна компанија досега државата ќе најдеше начин како да ги заштити уставно загарантираните права на работниците, а таа компанија ќе беше веќе во стечајна постапка и ќе имаше изречено прекршочни казни и за правното лице и за одговорното лице во правното лице – велат вработените во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Државната комисија има стручна служба од 24 административни службеници и 4 работници распоредени во 3 сектори или вкупно 28 работници.

Поголем дел од вработените секојдневно патуваат од Гостивар, Кочани, Тетово, Куманово, Илинден и тие веќе не се во можност да го финансираат сами својот превоз до Скопје и назад.

-Сите вработени имаат кредитни обврски спрема банките и застој во исплата на платата веќе пет месеци, а можеби тоа ќе трае и повеќе месеци доколку Собранието не превземе мерки за избор на ново раководство! Ова драстично се одразува врз нашата економска состојба, од причина што со неисплатената плата има и неисплатена рата/рати за кои банките дополнително пресметуваат затезна камата. Исто така и здравственото осигурување за сите вработени во Државната комисија истече на 30.04.2018 година и со тоа од 01.05.2018 година не може да се оствари правото на лекување и земање на лекови од аптеките на сметка на Фондот за здравствено осигурување, што предизвикува дополнителен трошок и проблем за сите вработени. Или поедноставно кажано, немаме пари ни да си ги платиме доамшните сметки. Во составот на стручната служба на Државната комисија имаме неколку бремени жени, кои треба да се породат во септември/октомври, а немаат здравствено осигурување. Исто така, има и болни лица, чија состојба секојдневно се влошува од причина што немаат пари да ги набават на приватно своите лекови- се пожалија вработените во овој државен орган.

Според нив состојбата во Државната комисија е алармантна.

-Немаме хартија за работење, принтерите и фотокопирите се запечатени, немаме вода за пиење, средства за чистење, дел од климите се расипани и не функционираат, тоалетите се расипани. Во прилог ви испраќаме неколку фотографии како доказ. Исто така, во прилог ви доставуваме Решение за прекин на испорака на електрична енергија. Државната комисија нема платено струја 6 месеци! Прашање на време е кога ЕВН ќе ја исклучи и струјата во институцијава! Државната комисија нема платено сметки за интернет, сметки за одржување на хигиената 6 месеци. Телефоните се исклучени исто така поради неплатени сметки! Едноставно, Државната комисија не функционира! Според нашите досегашни сознанија, во државава постојат и други државни институции кои се соочуваат со ист или сличен проблем како нашиот, меѓутоа за истите има изнајдено начини и механизми (потписници и слично од претходното раководство, кои во нашиот случај не знаеме зошто не беа именувани) за исплата на плати, придонеси од плати и останати тековни трошоци – се жалат сите вработени во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

ФОТО

ИЗВОР: Република

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...

Убави цифри: Koлky можете да заработите во Чвајцарија како фризер, столар, возач

Убави цифри: Колку можете да заработите во Швајцарија како фризер, столар, возач… Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...
- Advertisement -