11.5 C
Skopje

Последна шанса за Македонија

АКТУЕЛНО

Последната шанса е искористена. Даден е глас. Глас за реформи, правда, стабилна економија, повисоки плати, пензии, подобро здравство и образование. Даден е глас за Европа и европски вредности. На овие избори граѓаните дадоа глас за се, но не и за ВМРО и СДСМ. Граѓаните ги казнија политиките на груевизмот во ВМРО-ДПМНЕ и лошите кадровски потенцијали од СДСМ од кои за жал Заев уште не успеа да се дистанцира.

Но, време е! Време е груевизмот во ВМРО-ДПМНЕ да замине во историјата, а луѓето кои се антоними на она што значи да бидеш „човек од збор“ од СДСМ да заминат исто така во историјата! И во едната и другата партија мора да дојдат луѓе кои знаат дека политиката не е да ги тапкаш луѓето по рамо и да ветуваш брда и долини, а да немаш моќ и капацитет да го спроведеш тоа што си го ветил. Во политиката мора да дојдат луѓе со вистински европски вредности и капацитети. Зоран Заев покажа храброст. На ваков или онаков начин човекот за неколку години ја извади државата од корсоќакот од кој немаше никаков излез со години. Кавгата ја преточи во разговор и покажа дека со договор може да се решат и крупни и тешки историски прашања. Да, некои можеби болат, печат, но за жал како држава и не сме моќни многу да тактизираме и да експериментираме со било какви други решенија освен преку дијалог и договор кој може да значи подобро УТРЕ за сите наши граѓани, а посебно за Македонците кои масовно земаа бугарски пасоши за да заминат негде далеку за да обезбедат подобар живот за себе и своето семејство. Затоа токму овие избори треба да му дадат до знаење на идниот премиер Зоран Заев дека мора поинаку. Мора нови кадри, мора млади политички ликови, мора рез на она што значи лага во СДСМ, на она што значи припишување на лична заслуга, а заборавање на сето она кое се вложило со труд и работа за да помогне не само СДСМ, туку и државата да биде таму каде што е. За жал многу луѓе во СДСМ не ја гледаат големата слика и токму поради нив рејтингот на партијата паѓа. А падна многу. Падна со над 100.000 гласови и во СДСМ, исто како што падна со над 140.000 гласови кај ВМРО-ДПМНЕ.

РЕФОРМИ

Дојдено е време за вистински реформи. Реформи во администрацијата, реформи во здравството, образованието!

Дојдено е време за нови студентски домови, студентски градови, повисоки стипендии и европски услови за студирање!

Дојдено е време за повисоки плати, пензии, стимулирање на младите да влезат во бизнисот, дојдено е време за нова економска политика!

Дојдено е време за млади и успешни кадри, дојдено е време за пријателство и европска иднина!

Дојдено е време за слободни медиуми!

Доколку ова бидат вредностите за кои ќе се бориме како држава тогаш ДА, Македонија ќе ја зграпчи последната шанса и ќе ја искористи. Но ако уште еднаш скршнат од патот, ако само уште еднаш се дозволи губење во просторот и времето дадено како шанса од граѓаните тогаш не само што нема да има спас за СДСМ, нема да има спас ниту за Македонија!

Од друга страна опозицијата мора да се реформира. Мицкоски доколку сака да продолжи да биде лидер на опозицијата најпрвин ќе мора да направи промени во партијата, ќе мора да излезе од Белата Палата, да го продаде тоа луксузно место оставено од груевизмот, ќе мора да покаже храброст за вистинска вмровска политика и идеологија, разум и одговорност за тешките прашања. Не може да се бара власт врз основа на тврдење на предавства и удирање во гради за тоа колку големи патриоти сме. Тоа време помина во 90-тите години. Некои луѓе од ВМРО-ДПМНЕ го преспаа па сега во 21 век во 2020 година им текна да глумат патриоти.

Мицкоски и Заев ќе имаат тешка и одговорна задача! Време е и двајцата да ја завршат како вистински лидери!

Автор: Симон М.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -