fbpx
21.8 C
Skopje

Последниот пат кога го виделе, обезбедувањето на Груевски му го упатиле следното прашање – од тогаш му се губи трагата

АКТУЕЛНО

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија кажа дека обезбедувањето кое МВР му го дава на Груевски (6 телохранители), последен пат го виделе вечерта во четвртокот во 23 и 35 кога го вратиле дома.

– Го прашале како е планот за утре а тој им одговорил вообичаено во 9 часот претпладне. Тие утредента, во петокот, дошле пред неговата зграда каде што живее и останале тука до крајот на денот, но тој не се појавил, ниту ги повикал – кажа министерот Спасовски.

Тој додаде дека Груевски имал и негово лично обезбедување од агенцијата за обезбедување СГС. Прашан дали сопругата на Груевски кажала кога последен пат бил дома министерот одби да образложува велејќи дека истрагите не може да се водат така.

Тој остро ги демантираше шпекулациие дека бегството на Груевски е резултат на некаков договор помеѓу власта и опозицијата.

Извор: Либертас

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -