fbpx
11.8 C
Skopje

Николов: Продолжуваме во следниот мандат со целосна реконструкција на градскиот пазар

АКТУЕЛНО

Продолжуваме во следниот мандат со целосна реконструкција на градскиот пазар.

30 години од изградбата, градскиот пазар веќе станува тесно грло како за штипјани, така и за земјоделците кои секој петок ги нудат своите производи.

Недостатокот од паркинг простор сериозно го загрозува движењето на пешаците по улиците за време на пазарниот ден, но и предизвикува блокирање на сообраќајот во овој дел од градот.

Со овој проект се предвидува целосна реконструкција на пазарниот простор, негово покривање и изградба на паркинг простор (надземен и подземен), кој ќе ги задоволи потребите на сите граѓани.

Ве повикувам на 17 октомври да го дадеме гласот за број 12, за советничката листата предводена од СДСМ и за најдоброто за Штип.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -