fbpx
11.8 C
Skopje

Николов: Најавувам реконструкција на мостот кај автобуската станица, односно на булевар “Гоце Делчев”

АКТУЕЛНО

Најавувам реконструкција на мостот кај автобуската станица, односно на булевар “Гоце Делчев”.

Мостот е изграден во 60-тите години од минатиот век и до ден денес нема извршено реконструкција или обнова на главните елементи од конструкцијата.

Преку овој мост дневно минуваат над 2 000 возила, што е значително оптоварување.

Ја воочивме потребата од целосна реконструкција на носечките елементи, со што со секоја измината година се зголемува и опасноста од попуштање на некој елемент, што може да предизвика вистинска катастрофа.

За извршување на овој проект, најпрво треба да се заврши обиколницата „Запад“ за да се избегне целосен застој во сообраќајот кон и од централното градско подрачје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -