fbpx
9.8 C
Skopje

Трајковски од Голак: Трајното решавање на водоснабдувањето на планината Голак е стратегиска определба на Општина Делчево

АКТУЕЛНО

Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика продолжува, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот.

Најдоброто за Делчево значи и инвестиции во развојот на туризмот и решавање на основните инфраструктурни потреби на планината Голак, со цел да прерасне во атрактивна туристичка дестинација и двигател на локалниот економски развој.

Трајното решавање на водоснабдувањето на планината Голак е стратегиска определба на Општина Делчево и главна цел за развој на туризмот во општината.

Зборуваме за конкретни проекти.

Создадени се услови и обезбедени се средства за изработка на квалитетна техничка документација за водоснабдување и одведување отпадни води на планината Голак.

Вредноста на техничката документација, заедно со техничката спецификација на опремата, е околу 30.000 УСД.

Заеднички, чекор по чекор, да ја креираме успешната приказна, да создаваме уште подобри услови за живот, да ја продолжиме изградбата на модерно, урбано Делчево!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -