Во драматичен натпревар помеѓу Торонто и Чикаго, публиката можеше на кратко да проследи и „бокс натпревар“, откако двајцата центри од тимовите си разменија по некој бокс.
Робин Лопез од Чикаго и Серж Ибака од Торонто беа во главна улога во третата четвртина од средбата, а судиите немаа друг избор освен да ги исклучат и двајцата кошаркари, за кои се очекува и дополнителна казна од НБА.
Во целата ситуација добро е што останатите актери на теренот беа присебни, па целата ситуација траеше само неколку секунди.
https://youtu.be/6Tq46B0e5Ac