6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Инцидент во Куманово на маршот „За заедничка Македонија“

На синоќешниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Куманово се случил инцидент, откако дел од протестантите биле нападнати, од како што тие тврдат претседателот на СДСМ во Куманово.

„Ми се нафрли дечко, почна да удара со тупаници во шофершајбната и навикуваше: ‘мајка македонска, што бараш ти сељак со трактор во град’. Откако ја отворив вратата тој се нафрли позади мене имаше дечко со трактор во движење, му се нафрли и го удираше едно четири пет пати во тил во главата“, истакнува Раде Цветковски.

Во краток разговор на Канал 5 со претседателот на општинската на СДСМ, потврдил дека е во полиција и подоцна ќе даде повеќе детали околу случајот.

поврзани објави

Последни објави