Првиот човек на Србија Вучиќ секогаш умее да го привлече вниманието на медиумите.
Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно беше во фокусот на вниманието во Верона каде што се наоѓа заедно со македонскиот и албанскиот премиер по повод иницијативата за Западен Балкан.
Александар Вучиќ на домаќините Италијанци им објасни повеќе работи.
Зборуваше за предностите на српскиот грашок, зошто на Македонците им требаше храброст да го претстават вранецот и зошто Албанците требаше да чекаат со нивната претставена сорта: „Ова е релативно младо вино. Треба да почекате уште пет, шест, 10 години. Ја отворивте малку порано, треба да се преточи“.
Тој во друштво на Рама и Ковачевски тој на заедничкиот штанд зборуваше за впечатоците од Италија и изрази очекување дека на саемот ќе има многу италијански винарии заинтересирани за соработка, со цел подобрување на српската винска индустрија и технологија на производство.
Александар објасни зошто не сака да зборува за вината пред македонскиот премиер.
-Не можам да зборувам за тоа, бидејќи пијам повеќе од Димитар и не е фер да го кажам тоа. Подобро да зборува за фудбалот, затоа што подобро го знае. А за вината пијам малку повеќе од него. Не можам да го кажам тоа, бидејќи зависи што сакаш, со каква храна, во кое време.
Тоа најдобро го знае Зденка (н.з соработник од неговиот тим), а за нас што сакаме да пиеме вино, тешко ни е да го кажеме тоа, изјави Вучиќ.
Пред почетокот на меѓународниот саем за вино „ВинИтали“ кој деновиве се одржува во Верона, се огласи и македонскиот премиер Ковачевски кој на фејсбук напиша:
Ги потврдивме нашите заложби за економски просперитет на државите. Со заеднички политики го развиваме регионот и овозможуваме подобар живот за сите граѓани.
Инаку ова не е прв пат Вучиќ да биде во центарот на вниманието на саем за вино. Во продолжение потсетете се како тоа изгледаше пред 7 месеци.
На линкот ТУКА можете да ја погледнете заедничката пресконференција на Вучиќ, Рама и Ковачевски во Италија.
На линкот ТУКА можете да погледнете како изгледаше дружбата меѓу Вучиќ и Ковачевски во Верона, но ќе ви оставиме и линк од една легендарна појава на Вучиќ каде што буквално крена цела сала на нозе со својот говор. ЛИНК со клик ТУКА.