12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

И Александар Николоски ЗАПУКА по Груевски: Од Февруари интензивно е во разговори со власта, дури и посакува пораз или лош резултат на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е нечесно кон партијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во интервју за ТВ Шења не штедеше зборови за својот екс лидер Никола Груевски, за кого рече дека е нечесно да се однесува така кон партијата која ја градел, истовремено истакнувајќи дека новото раководство на партијата ја наследило ВМРО-ДПМНЕ како тотално изолирана партија со целосно урнисани односи со меѓународната заедница за да ја доведат во партија која сега води 3-1 кон владејачката СДСМ.

СДСМ и ДУИ знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на идните парламентарни избори. Целта им е да имаме помал број на пратеници за да можеме да бидеме уценувани за формирање на идна Влада, со цел да можат да поминат овие уставни измени. Тоа им е размислувањето, тоа нема да им успее, но тоа е очајот со кој се соочуваат. За жал во такви разговори е вклучен и поранешниот претседател на партијата Груевски и тоа се случува извесен период, поинтензивно од месец Февруари годинава. Ако внимателно се гледа неговата реакција, тој дури и посакува пораз или лош резултат на партијата, така и завршува во суштина неговото обраќање. Тоа е нечесно кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ако некој градел одредена куќа, најмалку што може да направи е да не се меша во таа куќа, а не да ја урива таа куќа, вели Александар Николоски во интервју за ТВ Шења.

На прашањето зошто го чуди ова однесување на Груевски, со оглед на тоа дека тој слободно си заминал од државата, Николоски истакна дека од нивна страна е побарано и од Спасовски и од Русковска да истражат кој и зошто дозволил Груевски да излезе од државата.

Можеби структури на власта биле вклучени во таква работа, бидејќи ако не е така, властите ќе излезеа со некаква истрага која ќе потврдеше што се случило. Може слободно да се заклучи ова што го кажувате вие, а тоа е дека тие учествувале во такво нешто, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Мицкоски како лидер и тие како раководство наследиле партија која претрпела огромен пораз на локални избори, која била надвор од Собранието, која имала неколку пратеници во притвор, целосно урнисани односи со меѓународната заедница, како и со мастер план за затворање на партијата. Од една таква ситуација дојдовме до анкети кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ води 3-1 кон СДСМ. Тоа е за состојбата во партијата, додаде тој.

поврзани објави

     

Последни објави