Синоќа се одигра пријателски натпревар помеѓу Црвена Звезда и Спартак Москва, средба на која имаше и гостински навивачи, кои пак нема да го паметат добро гостувањето во Белград.
Доцна синоќа околу полноќ двајца руски навивачи биле избодени со нож, по што веднаш биле префрлени во Ургентниот центар во Белград, а според медиумите во Србија, биле нападнати од навивачи на Партизан односно навивачката група „Гробари“.
Навивачите кои се повредени се родени 1988 односно 1991 година, а полицијата веќе има осомничено и приведено неколку лица за овој напад.
Средбата помеѓу Црвена Звезда и Спартак Москва им припадна на домаќините со 2:1.