12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

ИНТЕРВЈУ Петрова: Фокусот на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде биде општините да бидат финансиски стабилни

Разговараме со заменик министерка за финансии Елена Петрова

ПОГЛЕД: Стапивте на функцијата заменик министер на финансии во техничката Влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како кадар кој долги години има богато искуство од Дирекцијата за јавни приходи, но и осум години работно искуство во приватниот сектор, како и бројни лиценци и сертификати, како и обуки и соработки со Светска Банка, ММФ, ЦЕФ и останати меѓународни организации. Од ова кратко време како заменик министер во едно од најважните министерства во државата, кои се вашите првични впечатоци околу досегашното функционирање на институцијата за време на владеењето на СДСМ и ДУИ во изминатите седум години?

Впечатоците за функционирањето на Министерството за финансии ги темелам на официјалните таргети. Основна работа на Министерството за финансии е управувањето со јавните финансии, народните пари. Успешноста на управувањето со јавните пари се мери преку фискални правила, кои се утврдени со закон. Тоа се параметри со кои се поставуваат ограничувања на буџетските трошења, со цел да се контролира растот на јавниот долг и фискалната политика да биде консолидирана на долг рок. Фискалните правила во 2023 год. се прекршени. Буџетскиот дефицит е 4,9% и го надмина лимитот од 3% од БДП. Јавниот долг е 62,1% и го надмина лимитот од 60% од БДП. Овие резултати се поразителни, покажуваат катастрофално лошо управување со јавните финансии, што има штетни последици за Република Македонија. Официјалните ревизии детектирале слабости во многу сектори во Министерството. Финансиската инспекција во јавниот сектор и координација на борба против измама на ЕУ средства има суштинско значење за откривање на неправилности и измами. Но, овој сектор не постапува по примените пријави во законски рок и постои реална можност за застарување. Во секторот кој е одговорен за индиректна имплементација на проекти финансирани од ИПА фондовите е констатирано непочитување на рокови, што може да резултира со финансиски импликации, како казнени камати.Генерално, постојат многу фактори во речиси сите сектори во Министерството кои влијаат врз законитоста, навременоста и квалитетот на извршените активности, ефикасноста на функцијата и постигнувањето на стратешките цели на МФ.2.

ПОГЛЕД:Според она што го кажавте Вие, досега СДСМ и ДУИ потрошиле 27,8 милијарди евра. Вака за увото на обичниот граѓанин таа сума на пари звучи навистина импресивно, па оттука логично е да се постави прашањето: Каде се потрошени тие јавни пари, ако се земе предвид цифрата која е потенцирана?

Ова е суштинско прашање, за кое Владата на СДСМ и ДИУ не може да даде отчет пред граѓаните. Каде и за што се потрошени 27,8 милијарди евра во изминатите седум години? Дали се подобри благосостојбата на граѓаните во Република Македонија? Дали со трошењето на јавните средства се подобри деловното опкружување на компаниите? Одговорот е НЕ! Цените растат, се зголемува стапката на сиромаштија. Нема раст на економијата, нема нови работни места. Фактот дека во овој седумгодишен период се пресретнавме со здравствена и енергетска криза не дава никакво оправдување на оваа Влада. Тоа беше општа состојба во Европа, но само Македонија заостана со стапката на економски раст. Просечната стапка од 1,6% во 2016-2023 година е најниска, двојно пониска од стапката на раст на земјите со кои се споредуваме.Помалку од 10% од споменатите средства 27,8 милијарди евра се потрошени на капитални инвестиции, кои треба да се материјализираат во материјални вредности со долгорочна намена. Но со голо око не може да се види ништо такво. Не можеме да видиме никаков инфраструктурен проект, нема нов автопат, немаме нов клинички центар. Нема никаква инвестиција од сето она што беше најавено. Буџетот во време на оваа власт се сведе на буџет за плати и закрпување на дупки, без вложување во инфраструктура и продуктивни проекти.

ПОГЛЕД:Дали според Вас администрацијата во изминатите седум години работеше во интерес на граѓаните и услугите кои кои треба да има ги испорача на граѓаните? Што е она што треба да се направи за пофункционална администрација и потранспарентно трошење на средствата кои и се ставени на располагање?

Администрација треба да биде сервис на бизнисот, а не пречка. За една успешна економија потребно е едно деловно опкружување во кое што компаниите би можеле да работат непречено. За тоа им е потребна ефикасна државна администрација која ќе им дава поддршка и услуги за да го потпомогне нивниот бизнис, наместо да им поставува бариери и пречки. Од контактите со компаниите дојдовме до информации дека многу често државните институции повеќе се нивниот кочничар отколку сервис. Не се почитуваат рокови, не се почитуваат стандарди за квалитет. Нема консолидираност на институциите и странките се препраќаат од една на друга врата. Имаме еклататни случаи кога со години се чека на завршување на административни процедури за да може некоја компанија да започне со реализирање на некаква инвестиција, па и случаи кога како последица на ова дошло до губење на стратешки партнери. За да биде поефикасна администрацијата, потребно е да биде соодветно функционално скроена, ресорите треба да бидат соодветно поставени и поврзани. Потребна е дигитализација и користење на сите технолошки можности во давањето на услугите, што истовремено ќе овозможи услугите да бидат без директен контакт со службеник, без изложеност и можност за корупција. Потребна е рационализација и стеснување на непотребни процедури и нивоа. И, на крајот, но не е најмалку важно, потребна е професионализација и мерит систем за вработување во државната и јавната администрација. Сите овие мерки се содржани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа # 1198″4.

ПОГЛЕД: Кој е планот на ВМРО-ДПМНЕ за развој на истокот на Македонија, кој што слободно можеме да кажеме е најзапоставен и заборавен регион во однос на инфраструктурни проекти, сообраќајно поврзување и унапредување на нивниот стандард?

Платформата на ВМРО-ДПМНЕ ги става луѓето на прво место и се заснова на искористување на ресурсите. Истокот на Македонија си има свои карактеристики кои треба да бидат основа за планирање и спроведување на вистинските и одржливи проекти кои ќе поттикнат локален развој, меѓусебно поврзување за подобро искористување на сите можности на локално ниво.Нашата платформа нуди локални проекти за развој, поквалитетен живот и решавање на проблемите кои ги оптоваруваат граѓаните на локално ниво. Фокусот на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде биде општините да бидат финансиски стабилни. За таа цел се планира во следните четири години од централниот буџет да се издвојат вкупно една милијарда евра годишно, или по 250 милиони евра секоја година за реализација на што поголем број проекти на локално ниво. Од овие средства треба да се финансираат проекти во инфраструктурата, образованието, еколошки проекти, сé она што значи подобар квалитет на животот на граѓаните во општините.

ПОГЛЕД: Што ќе направите за поддршка на малите и средни претпријатија?

Микро, малите и средни претпријатија се витален дел од македонската економија. Според последните официјални статистики тие претставуваат околу 99,6% од вкупниот број на компании и апсорбираат околу 70% од вкупниот број на вработени. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа # 1198″ содржи политики за поддршка на овој сектор, пред сé преку мерки за поволни кредитни средства за финансирање, олеснување на подготовката на инвестициони проекти, поттикнување на иновациите и воопшто обезбедување поволни услови за бизнис и долгорочен економски раст. Овие компании се како крвни зрнца на македонската економија и нашата цел е да им овозможиме да создадат поголема додадена вредност

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави