11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ПЕНДАРОВСКИ 5 ГОДИНИ БЕШЕ КОМЕНТАТОР „Само се препелкаше, не покажа отпорност кон Ахмети“

На овие избори не одлучувате само за претседател, туку одлучувате за човек на кој можете да му доверите да ја води државата и да одлучува за вас и вашата иднина. Стево Пендаровски својот мандат го помина во озборување и коментирање на политика, наместо во водење и носење одлуки, кажа претседателот Мицкоски на синоќешниот митинг во Ресен.

Како што вели тој, Пендаровски би можел да коментира натпревар во фудбал, и верува дека во тоа би бил солиден, но не и да води држава.

– Човекот не покажа отпорност да се спротивстави на Ахмети, ниту на СДСМ. Се препелкаше околу францускиот предлог на крај се фалеше како тој активно придонел во неговото пишување и носење. Безличен политичар на кому му е важно да направи комбинации за да ја сочува фотелјата, но не и да се бори за иднината на државата. Причината зошто Ковачевски не ги посетува неговите митинзи освен слабиот рејтинг, е и во желбата Пендаровски да ја освои поддршката од ДУИ. Нему му е поважно ДУИ да го гласа, од тоа СДСМ да го поддржи. Тој трча по Ахмети, затоа што знае дека по поразот во првиот круг ниту ДУИ ќе го спаси во вториот. И затоа не се изјаснува дали ќе прибегне кон бојкот кога ќе го види резултат на изборите вечерта по првиот круг избори, заклучи претседателот.

поврзани објави

Последни објави