3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

СПРЕЧЕНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ЦИСТЕРНА Велешките пожарникари со брза интервенција го изгаснале пожарот

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна Единица од Велес утрово спречиле експлозија на цистерната којашто се запалила на автопатот Велес – Градско во близина на бензиската пумпа „Дади Компани“.

Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.

– По пристигнувањето пристапено беше кон гаснење на пожарот и поради брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната, велат од ТППЕ Велес.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.

поврзани објави

Последни објави