Дизелот поевтинува од полноќ, бензините остануваат со истите цени
Од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава по нова, намалена цена.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот од полноќ се намалува за половина денар за литар, додека бензините БС-95 и БС-98 и натаму ќе се продаваат по досегашната цена.
Па така, од полноќ литар дизел ќе се продава за 77,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за половина денар и еден литар ќе се продава по 77,50 денари.
Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,871 денари се намалува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 44,302 денари