Шпанскиот фудбалски шампион Барселона јавно влезе во војна со ФИФА, откако тимот преку соопштение се огласи за казната која ја доби Лионел Меси.
„Барселона сака да ја изрази својата изненаденост и огорченост од одлуката на дисциплинската комисија при ФИФА за санцијата врз Лео Меси по натпреварот помеѓу Аргентина и Чиле во квалификациите за Светското првенство“, гласи известувањето на „каталонците“.
ФИФА вчера му изрече максимална казна од четири натпревари суспензија на Меси за навреди кон судијата, а многумина се изненадени од фактот што Барселона јавно тргна против ФИФА.
„Клубот верува дека суспензијата од четири натпревари е не-фер и целосно несразмерна. Лео Меси ја има нашата поддршка, тој е спортист за пример со своето однесување на теренот но и надвор од него“, стои на крај од соопштението.