Пратеникот Павле Богоевски денеска од собраниската говорница им се обрати на своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вие не се плашите ниту од федерализација, ниту од кантонизација, ниту од двојазичност, ниту од поделба на Македонија. Државата во овие 11 години веќе ја испокрадовте, поделивте и уништивте. Ако ДУИ се согласеше да се откаже од СЈО, јас сум уверен дека и сопствените мајки ќе ги продадевте за да останете на власт.
Вие се плашите од нешто друго. Зарем мислите дека најголемите криминали ќе поминат неказнето. Се однесувате како да испуштате душа, а не власт. Има живот и во опозиција. Тоа за вас значи и неколку години живот во Идризово“, вели Богоевски од собраниската говорница.