8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

БАРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА МАНДАТ ОД ЕДНА ГОДИНА – ексдиректорот Галетановски се пријави пак да управува со Зоолошка градина

Екс директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски на неговиот Фејсбук профил напиша дека поднел документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје.

Тој, како што објави, ова го прави во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои му пишале деновиве, но најмногу за животните и колегите кои заслужуваат мир и благосостојба достојни за нив.

„Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на Зоо Ск од политички влијанија“, напиша Галетановски

поврзани објави

Последни објави